Во октомври од страна на Еврсопската унија ќе имаме одредници, зашто е јасен речникот на Брисел каде што се вели дека ќе се донесе одлука, а не дека ќе се донесе датум за преговори во октомври. Што значи дека во октомври во најдобар случај за нас одлуката на ЕУ ќе е: направете ги три, пет или десет работи до март и ќе видиме во март што ќе правиме, рече во вторникот вечерта Александар Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е гостин во емисијата Топ Тема на Телма. Каде главна тема е недобивањето датум за почеток на преговори за влез на Македонија во ЕУ, одлука која денес ја соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Не малцинството, туку една држава ако не се согласува почеток на преговори нема да има. За жал на Македонија во овој момент тоа малцинство ако го соберете како економија, или ако го соберете како број на жители во ЕУ е мнозинство. Односно во малцинството како бројка спаѓаат најсилните држави во ЕУ. На почеток се обвинуваше само Франција дека е проблем сега еве гледаме дека и Германија е проблем. Па имавме една тирада против канцеларката Меркел ко да таа ги носи одлуките врз основа на тоа какво и е расположението наутро кога ќе се разбуди. Сето ова ние можеме да го гледаме колку сакаме широко но се сведува на една реченица Владата е неспособна и не испорачува, истакна Николоски.
Николоски додаде дека Владата не добива датум за преговори ѝ е кажано уште во март во лице и брутално. Но секако дека во јавност го кажуваат на еден друг посебен и културен начин. Но фактите се дека втора година по ред Македонија не добива датум за преговори со ЕУ. А, ова е сосема спротивно од ветеното на оваа Влада.
Јас лани во април кажав дека ако не се спроведат реформите, а не се спроведоа дека нема да има датум. Иако се реши проблемот за името, а тогаш уште не беше решено. За жал тие мои предвидувања од лани се реализираа, викам за жал зошто и јас сакам државата да добие датум за почеток на преговори.Некаде во ноември лани после изгласувањето на прва фаза од уставни измени во Собранието, кога имаше еуфорија дека еве тргнале работите, повторно кажав ако не се реализираат реформите и следната година тоа е оваа година во јуни Македонија нема да добие датум за почеток на преговори и за тоа што го кажав бев напаѓан и навредуван, еве го дојде јуни, Македонија повторно нема датум за почеток на преговори, потенцираше Николоски.
Николоски посочи дека доколку сѐ беше во ред во Македонија, да имаше спроведено реформи оваа Влада ќе добиеше датум уште лани.
Ако сѐ беше во ред Македонија требаше да добие датум за почеток на преговори во јуни 2018 година. Ова е втора утешна награда којашто структурите на владата се обидуваат да ја промовира. Треба да се вратиме на основите, а тоа е дека се до потпишувањето на Преспанскиот договор практично не постоеше ниту една пречка освен ветото кое што Грција секоја година го ставаше на одлуката за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ“, појасни Николоски.
Николоски во текот на емисијата рече и дека актуелната власт повеќепати ја мамеше домашната јавност со наводно добивање на датумот за преговори, за потоа да се посочуваат други фактори и земји како виновници за неуспехот на Владата.
За да нас ни се случи да на 17 јуни минатата година се потпише тој Преспански договор и на 29 јуни ЕУ односно Советот да донесе одлука дека нема Македонија да започне преговори за членство. И да се одложи одлуката за една година. Тогаш прво премиерот Заев даваше изјави дека сме добиле датум за почеток на преговори со ЕУ и тоа е јуни 2019 година. За да потоа го посоветуваат околу него дека тоа не е баш така. Па да се каже дека ќе се одлучи во јуни 2019 година. Па гледавме изминативе неколку недели како се напаѓаа европските лидери на чело со Меркел директно и индиректно. Како тие да се виновни ова што се случува. Се ветуваа оставки на влада и предвремени избори за да сега се бега од таа работа и да се поставува октомври како датум“, рече политичарот од опозициската вмро-дпмне.
Николоски додаде дека тој лани во април кажал ако не се спроведат реформите, а лани не се спроведоа и нема да има датум.
Македонија е доведена во ситуација да европските држави не сакаат да започнат преговори за членство. А, камоли да зборуваме за членство. Што е резултат на едно тотално фијаско. Тоа фијаско е во два дела, првото е неиспорачување на реформи, цвета корупција во државата, економијата оди наназад, немаме јасен систем на владеење на правото. Вториот дел од фијаско е апсолутно погрешната стратешка одлука донесена минатата година да влеземе во ист пакет со Албанија, истакна Николоски.