Николоски: Имаме погубен договор за Македонија, за кој власта ги мами граѓаните и не сака да дебатира

Членот  8 од капитулантскиот договор ќе значи механизам за Грција за вечно блокирање на членството на Македонија во Европската унија, а власта не им објаснува на граѓаните кои уставни промени ќе произлезат од него освен промената на уставното име на земјата, рече во петокот вечерта потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во телевизија Алсат во емисијата 360 во која се соочи со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Во дебата којашто не остави голем простор за дискусија по самиот договор од Преспа, и во која Николоски неколкупати ја повика соговорничката да каже дали го прочитала договорот на што не му беше одговорено, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека една од потенцијалните опасности произлегува од ресорската  комисија на експерти од двете влади, којашто ќе треба да направи ревизија на историјата и археологијата. Според него, токму поради оваа комисија секогаш кога „некој македонски научник ќе напише нешто што на Грците нема да им се вклопува во нивната мегали идеа, Македонија нема да може да отвори ново поглавје од преговорите со ЕУ“.

„Треба да се направи меѓу ресорска комисија на експерти од двете влади, која што треба да направи ревизија на учебниците, на учебните помагала, на научните книги, на работите кои што се однесуваат на историјата и археологијата и два пати годишно да дава извештаи. Но да преведам што ќе значи ова. Ова ќе е механизмот за блокирање на нашето членство во ЕУ. Затоа што секогаш кога некој наш научник ќе извади работа којашто на Грците не им се вклопува во нивната мегали идеа тоа ќе значи блок на отворањето на следното поглавје. Значи немаме договор кој обезбедува членство во ЕУ, туку имаме договор којшто значи вечно блокирање на членството во ЕУ“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека СДСМ во својата референдумска кампања воопшто не го споменува како што вели капитулантскиот договор за промена на името и забележа дека владејачката гарнитура со манипулации со сите сили се труди да ја избегне дебатата за суптината на договорот.

Николоски рече дека целиот договор е проблематичен, но притоа напомена три дела, а го потенцираше воведниот со кој Македонија се откажува од сите претходни придобивки во пеговорите за името.

„СДСМ се обидува да дебатира за се освен за договорот. Ние не слушнавме ниту една суштинска дебата по однос на текстот на договорот и јас би сакал да ја искористиме оваа вечер да дискутираме по однос на договорот. Еве можеме да одбереме кој сака член од договорот госпоѓо Шекеринска и да го исдискутираме. Целиот договор е проблематичен има три аспекти. Тоа е воведниот дел и членовите 7 и 8. Со воведниот дел се укинуваат сите претходни работи кои што Македонија како такви претходно ги стекнала во оваа битка за името. Почнувајќи од Времената спогодба, пресудата на Судот на правдата во Хаг кој то јасно кажа дека Грција не смее да го блокирала членството на Македонија во меѓународни организации“ посочи Николоски.

На честите навраќања од страна на Шекеринска на минатото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и минатата влада што придонесе речиси воопшто да не се зборува за самиот договор, Николоски  рече дека ќе открие нешто ексклузивно порачувајќи дека соговорничката се служи со изнесување невистини.

„Ексклузивно ќе ви откријам, ова е мастер планот на СДСМ. По неуспехот на референдумот, почнување судска постапка против партијата ВМРО-ДПМНЕ и забрана за работа на две години. Со затворањето на ВМРО-ДПМНЕ нема да има опозиција“, рече Николовски.