2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Николоски: Македонија се ближи кон енергетски колапс и банкрот, владата нема план за справување, ако компаниите продолжат да плаќаат скапа струја ќе затворат и ќе нема кој да дава плати

Би сакал да најавам дека почнуваме една сериозна теренска активност како политичка партија, еве денес сме во посета на Битола каде навистина се реализираат бројни проекти. На еден од нив присуствуваме и на увид, а по завршувањето тука ќе имаме увид уште на неколку проекти, рече на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Исто така знаете нашата континуирана поддршка за Македонската православна црква ќе имаме посета во Преспанско пелагониската епархија каде што ќе разговараме за актуелните состојби и со МПЦ. Во следниот период ќе сме доста активни на терен, ќе не има насекаде низ државата. Знаете дека инициравме идеја за референдум за клучното прашање во моментов за Македонија, а тоа е уцената која што ја имаме од Бугарија во однос на европските интеграции. За тоа консултациите се при крај и како што најавивме во следниов период ќе излеземе со конкретен став и и конкретна методологија по ова прашање затоа што гледаме дека од страна на владата воопшто не се повлекуваат, напротив има еден интензират на спроведување на обврските кои се преземени. Така што откако Македонија фиктивно почна преговори со ЕУ, во суштина не ги почна. Ние не зборуваме за развој на инфраструктура, ниту за развој на железници и изградба на автопатска мрежа, туку зборуваме за среден век, за Цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум, што е најдобар доказ дека она што зборувавме месеци наназад се остварува, а тоа е дека целта на ова што го прави Бугарија е бришење на македонската историја, македонската култура и идентитет, самобитноста на македонскиот народ и самобитноста на македонскиот јазик, односно да се претстави како дијалект на бугарскиот јазик. Како што кажав во следниот период ќе продолжиме. Би сакал кратко уште една тема да опфатам, а тоа е во однос на тоа што се случува во економијата и енергетиката, истакна Николоски.

Ние со месеци предупредувавме, уште пред две години, а тоа се интезивира во февруари месец оваа година кога почна војната во Украина во однос на она што ќе се случува со цените на електричната енергија, потенцираше тој.

-Минатата година, држевме прес конференција, јас лично бев РЕК Битола каде што обзнанивме дека од три блока работи само еден, а во моментов од три блока работат два. Што значи дека се уште не е во полна функција, РЕК Осломеј се уште не е пуштен, што значи дека Македонија не произведува доволно електрична енергија колку што може да произведе. Доколку Македонија произведува електрична енергија колку што има капацитет, тогаш оваа економска криза ќе е далеку помала од ова што е сега. Само за слика да имаат граѓаните, вкупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија и на домаќинствата и на стопанството 7,5 илјади гига ват часови. Македонија со сите капацитети кои ги има пред се мислам на РЕК Битола, РЕК Осломеј, хидроелектраните, соларните постројки, обновливите извори може да произведе 6,5 илјади гига ват часови. Во моментов произведува некаде околу 3,5 илјади. Што значи од она што може Македонија да произведува, произведува 40% проценти помалку. Тоа мора да се увезува, во моментов цените на европските берзи се екстремно високи, одат до 600 и 700 евра по мегават час, а веројатно ќе одат и до 1000 евра, што го става стопанството во една крајно критична фаза. Тука не можам да ја разберам логиката на владата кога рече дека за граѓаните ќе има субвенционирана цена на електричната енергија иако е тоа прашање што е субвенционирана, имајќи предвид дека е за 50% односно за половина поскапа од минатата година, а додека компаниите ќе ги остават на слободен пазар, кога истите граѓани коишто ја користат оваа електрична енергија која беше за 50% поскапа од лани треба да одат на работа, да сработат за да земат плата и да ги платат сметките. Доколку компаниите во коишто работат плаќаат за 500, 600 или 700% повисока електрична енергија од минатата година тие ќе затворат, ќе стават клуч на врата, ќе нема кој да им даде плата, ќе нема како да ги платат сметките, рече Николоски.

Така што Македонија ближи кон енергетски колапс и за жал кон банкрот. За жал оваа криза ќе е подолга од една зима, не гледаме план за оваа зима и не гледаме дека се спремаат за следната година, додаде тој.