
Сведоци сме на еден апсурд. Најмоќниот човек во земјава ме тужи за клевета. Ова го нема никаде во ЕУ, изјави по денешното рочиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Прво ме тужеше Вице, сега ме тужи Зоран Заев. Забележително е тоа што, како што на рочиштето не се појави тогаш Вице Заев, така денес не се појави и негивиот брат Зоран Заев, туку тој ангажирал адвокат од најскапата адвокатска канцеларија. Верувам во чесноста на судот и судството и мислам дека овој случај треба да биде старт на реформите во судството – изјави Николоски.
Тој е тужен од премиерот Зоран Заев за навреда и клевета. На денешното рочиште не дојде тужителот Зоран Заев. Тој беше претставуван од адвокат од адвокатската канцеларија Медарски.