Mакедонските граѓани да не бидат казнети заради политиките на премиерот Зоран Заев, зашто Македонија има европска иднина, а граѓаните ќе го казнат Заев на предвремени избори, истканал во понеделникот во Брисел потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во европската престолнина Николоски престојува во рамките на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која учествува на Парламентарното собрание на Европската народна партија (EPP) на која, како што известуваат од партијата, биле остварени бројни средби, во прв ред, со челниците на европската конзервативна партија и нејзиниот челник Жозеф Дол.
Информиравме за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста од брзи предвремени избори на кои то граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт. Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел, потенцира Николоски.
Додава дека за истото ги информирале и претсавниците на Европската комисија со кои што имале средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираат и преставниците на Европскиот парламент. Во Европскиот парламент има нов состав, посочува Николоски, и ќе се направат обиди за средба со пратениците од повлијателните земји и политички групации.
Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија, истакна Николоски.