Николоски: СДСМ ќе паднат, ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира проектот за брза железница меѓу Солун, Скопје, Белград, Виена и остатокот од Европа, проект што ќе ја препороди Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку објава на „Фејсбук“ потсетува дека пред неколку месеци зборуваше дека неговиот сон е помеѓу Скопје и Солун од едниот до другиот крај на географска Македонија да се патува за час и половина до два правца.

„Тогаш СДСМ велеше дека тоа е невозможно и ме навредуваше, за веќе утре да се потпишат на документ што ја потврдува мојата идеја и визија. Дека се неспособни да реализираат било што знаеме и затоа ќе паднат на овие избори. Па ние со спремни, одговорни и стручни кадри и помош на Европската Унија ќе го реализираме овој голем проект за брза железница меѓу Солун, Скопје, Белград, Виена и остатокот од Европа. Проект што ќе ја препороди Македонија. Порака до СДСМ – во политиката најбитно е да имате визија и капацитет да го реализирате тоа за што сонувате, а го сака народот, се друго е неспособност, криминал и корупција. Затоа си одите“, порача Николоски на Фејсбук.