Очигледно е дека СДСМ и ДУИ преку обвинителството во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со извештајот за модуларната во Тетово, и додаде дека најодговорен за целиот случај е министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи тој е одговор за изградбата на модуларните кои се во неговото министерство.
Николоски истакна дека во најмала рака смешно е да се тврди дека 14 човечки животи се загубија заради некаков кабел.
„Во исто време дури и да е така како што тврди тетовското обвинителство, повторно одговорноста е кај Венко Филипче затоа што тој е министер за здравство и тој е најодговорен за изградбата на модуларните болници и за нивното функционирање, затоа што тие се во рамките на министерството за здравство и знаеме дека со промените на Законот за градење целосно е прескокната процедурата на кој начин истите требало да бидат изградени, рече Николоски.
Истакна дека од одговорност не може да избегаат и одговорност ќе се случи после овие локални избори после кои ќе има и ново парламентарно мнозинство , затоа што 14 човечки животи кои беа загубени не можат да завршат со некаков кабел кој не бил исправен.