Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Топ тема на Телма изјави дека семејството на министерот за здравство Венко Филипче и партнерот со кој гради куќа имаат и заедничко земјиште од 15.000 квадратни метри.
Како се купува толку земјиште без некој да сноси одговорност, ја праша Николоски Радмила Шеќеринска.
Тој праша и како е можно во овој случај да нема судир на интереси и оти нема функционер на СДСМ кој не е влезен во некој вид криминал.