Николоски: Сервилните политики на Заев ја втурнаа Македонија во бездна

Премиерот Зоран Заев ги стави граѓаните на земјата пред свршен чин а Македонците  пред изборот дали да е одродат или Македонија да го сопрен свото напредување кон Европската унија со тоа што нема да преговара со Брисел, оцени во петокот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во текот на гостувањето во петкот во вестите на телевизија Канал 5 и порача дека во ваков момент Владата треба да си поднесе оставка и треба да се размислува за формирање влада на национално единство.

Прашан за ставот на Бугарија да го блокира стартот на преговорите на Македонија со Еверопската униија, Николоски рече „разочаран сум и огорчен, сепак надежта последна умира, но ја нема многу“.

„Заев ја стави Македонија и Македонците пред свршен чин, или Македонците да се одродат или Македонија да не преговара со ЕУ што значи да не напредува. Тој избор којшто го постави Заев е резултат на неговите сервилни политики. Или тоа не е избор, а тоа е така затоа што Заев ветил дека ќе испорача сѐ што барале Бугарите и сега ѓаволот доаѓа по своето. Затоа нашето барање е Владата да си поднесе оставка и да се оди на избори кога ќе има услови, а во меѓувреме да се формира влада на национален спас. Новата владата пак по изборите со политичарите кои се денес тука ќе ја извадат Македонија од бездната во која се наоѓа и во која ја доведе Заев“, рече Николски.

Вториот човек на најголемата опозицска партија посочи дека настанот на кој денеска присуствува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, како и на Алијанса на Албанците и на Алтернатива е потврда за интензивната соработка со овие две партии.

„Ова е прва јавна потврда на она што го имаме, а тоа е интензивна соработка со Африм Гаши од Алтернатива и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Ова се идеолошки слични партии со нас. Ние сме конзервативни десни центар партии, а она што ми е драго е што овој настан е во организација на Конрад Аденауер. Оваа соработка е спонзорирана од најголемата германска фондација Конрад Аденауер, а обраќање денес има и и потпретседателот на Европската народна партија“, рече Николоски.

Според него, многу е важно што соработката е на идеолошка основа што, како што рече „се надевам ќе води кон покрупна соработка, затоа што нашата идеја е да се бориме против корупцијата, а шефови на корупцијата се Заев и Ахмети, затоа сакаме заедно да ја победиме корупцијата која ја предводат“.

Во однос на предвремените избори за градоначалници на Пласница и Штип, Николски рече дека утре ќе има состанок на највисоките партиски тела и ќе има одлука.

„Ние рековме дека за изборите мора да се создадат услови да се оди на избори, а не кога има ваква епидемиолошка катастрофа. Апелирам до власта заеднички да се договориме за термин кога здравствените услови ќе го дозволат тоа“, рече Николоски.