Случајот со продажбата на имотот на пропаднатото тетовско претпијатие „Шик Јелак“ претставува скандал од невидени размери за кој мора да има и одговорност, изјави во средата пратеникот Александар Николоски, кој гостуваше во утринските вести на телевизија Алфа.
„Се работи за мега–скандал, само еден ден пое формирањето на Владата, првата работа која што ја направи стар новата коалиција на лагата и криминалот на СДСМ/ДУИ беше изгласување на ДУП во Општина Тетово, којшто на инвеститорот ќе му донесе профит од неверојатни, фантастични, незамисливи за кој и да е граѓанин 200 милиони евра. Веројатно луѓе сто животи да живеат не можат да ги заработат тие пари“, истакна Николоски.
Истакна повторно дека станува збор за прв ден по формирање на владата, прва нивна одлука е за Општина Тетово изгласување на Детален урабнистички план.
„Што е спорно таму? Првата работа којашто е спорна е пред изборите, слушнавме разговори коишто се објавија во јавноста во кои што контроверзниот црногорски бизнисмен Дака Давидовиќ кажува дека дал 300.000 евра мито и дека е спремен да даде уште 2.000 квадрати и дополнителни два милиона евра мито доколку му се заврши работата. Тоа е првата спорна работа, гледаме дека митото си дало плод“, рече Николоски.
Посочи дека втора работа којашто е спорна е што одлуката во Министерството за транспорт и врски, без чија дозвола не може да се изгласа ниту еден ДУП во било која општина, е издадено за само седум дена. А, граѓанин за обичен документ чека по месец дена најмалку, исткана Николоски. А, ДУП кој што предвидува 2.000 нови згради со 8.000 нови жители коишто ќе создадат урбана џунгла во Тетово и ќе го уништат целосно градот е издаден за само седум дена.
„И третата исклучително спорна работа е кому власта на СДСМ/ДУИ, оваа коалиција на лагата дава вакви мултимилионски бизниси. Дава на главниот играч на надворешни интереси во регионот, којшто е против мирот и стабилноста во регионот. Против стратешката ориентација на регионот за евро атлантска ориентација, против членството на сите овие земји во регионот во НАТО и ЕУ. Значи на човек кој што се бори против стабилноста, против евро атлантската интеграција на регионот, власта на Ахмети и Заев дава 200 милиони евра бизнис. И легитимно прашање е кое што еве до денес не добиваме одговор скоро недела дена и од Заев и од Ахмети – Како на човек кој што се бори против стабилноста во регионот, против благосостојбата, против соработката, против евро атлантските интеграции дале толкав бизнис? И дали се свесни дека средствата кои ќе ги добие од тој бизнис, ќе ги користи кон нарушување на стабилноста на регионот“, праша Николоски.