Николоски: Владата беше предупредена дека во јуни нема датум, а прашање е дали ќе има и во 2020-та

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето готување во емисијата „Топ тема“ информираше за неколку факти и кои не ѝ се познати на македонската јавноста во врска со датум за отпочнување на преговори за членство на Македонија во Европската унија.

Едната е дека македонската влада во март била информирана од страна на неколку врни дипломати во оваа држава од земји членки на ЕУ дека нивото на реформи е ниско и дека во јуни нема да има датум за почеток на преговори и им е кажано да ги спуштаат очекувањата со цел „да не се удрат во ѕид“.

Втора работа којашто ѝ е многу добро позната на Владата и ја крие од јавноста е дека неколку држави изработија свои извештаи за напредокот на Македонија. Тие извештаи ѝ се познати на Владата затоа што им се доставени и се многу различни од извештајот којшто како целина го изработи Европската Комисија и удри заради пријателкиот однос на тие држави во моментот на драфтирање на тие извештаи. Но, тие извештаи се дадени на Владата со цел да се обидат да направат подобрување во одредени сектори, имајки предвид дека подобрување нема, истакна Николоски во своето гостување.

Николоски рече дека очекувањата на Владата денес беа ќе добијат 2-3 бенчмаркови коишто ќе треба да ги реазлизираат до октомври, за во октомври да се определи датум.

Денес немаме ни бенчмаркови што значи дека најдоброто што може да го очекуваме во октомври е во октомври да добиеме неколку бенчмаркови за коишто ќе се даде временски период во којшто ќе требa да се реализираат, па доколку се реазлират дури тогаш да се определи датум за почеток на преговори, што значи во најбелото сценарио прашалник е дали до декември 2020 година ние можеме да очекуваме дека суштински би почнале преговорите со ЕУ,додаде Николоски.