Николоски: Власта не игнорира додека бараме обединување на политичарите за спас на Македонија од корона кризата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за МКД.мк на прашањето „Дали власта побарала помош од опозицијата во врска со корона кризата“ вели дека за жал тоа не се случило се уште.

-За жал не. Ни од мене лично, ни од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, ние цело време бараме да се обединат политичките сили со цел да ја извадиме Македонија од оваа криза, ели во интервјуто за МКД.мк Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

После 30 дена за нова кризна состојба ќе мора да се изјасни Собранието, ќе гласате ли тогаш за, или за вонредна?

-На власта на Заев и Филипче ѝ се случува целосна катастрофа, нема менаџмент, туку сѐ е стихија. Македонија за жал има бројки на заразени и починати кои се огромни и далеку над сите предвидувања на Заев и Филипче. Многу семејства се завиени во црно, а исто така многу се во паника и страв. Овој систем на неработа, аматеризам и гол популизам чини човечки животи. Треба да се консултираат најдобрите експерти во Македонија. Такви има државата. А не да се носат политички одлуки. Сѐ што гледаме се политички одлуки. Нашиот предлог за кој поднесовме и закон во Собранието е да се формира комисија од најстручните луѓе во државата која ќе ја води битката со короната. Сите да ја поддржиме и тие на стручна основа да ги носат одлуките. Тоа што ќе каже комисијата тоа да биде нешто што сите ќе го почитуваат, а не да се носат политички одлуки по желба на Заев и Филипче и нивниот ПР. Да не заборавиме, Филипче пред короната важеше за најнеспособен и најкорумпиран министер. Толку лош што дури и за Заев беше лош, па реши да не го кандидира за носител на листа на изборите, вели Николоски.