15.8 C
Skopje
петок, септември 20, 2024

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ го има најдобриот концепт и најдобрата програма за Радовиш

На крајот од изборната кампања би сакал, тука во Радовиш да ги повикам сите граѓани во недела да излезат на избори и да гласаат за бројот 7 и за новиот градоначалник којшто ќе го предводи градот Радовиш, Ацо Ристов, истакна денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Изрази мислење дека овие скоро месец дена кампања покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ го има најдобриот концепт и најдобрата програма за Радовиш.

-После извесната промена и на владата која ќе се случи од понеделник заради убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во една соработка на централната и локалната власт, заеднички ќе реализираме бројни проекти. Затоа ни е потребна голема, масовна и референдумска излезеност на 31-ви октомври, да излезат сите граѓани на гласање и да има една голема и да има една голема и убедлива победа. Целта на власта во заминување е граѓаните да останат дома, да бидат заплашени и демотивирани од црната кампања која ја водат. Ги повикувам да не подлегнуваат ниту на притисоци, ниту на закани и уцени, и доколку има исти такви да ги пријават затоа што надлежните институции ќе постапуваат и исто така да не подлегнуваат на црната кампања. Доаѓаат многу подобри денови за Македонија, заеднички ќе создаваме нова иднина со проектите кои ги има во нашата програма и кои ќе ги реализираме, како и како што веќе споменав, со една соработка со централната и локалната власт, посочи Николоски.

Тој ги повика граѓаните на 31-ви октомври масовно и во голем број да излезат и да гласаат за бројот 7.