Николоски во Ватикан лобира за интересите на Македонија

Во рамки на својата работна посета на Рим и Ватикан денес Александар Николоски оствари посета и средби во Ватикан.

Николоски беше дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала ( ЦДИ) која имаше прием во Ватикан. При тоа ја посети црквата Св. Петар, а имаше и аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролони Државен Секретар на Ватикан. Со Кардиланот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николоски разговараше за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, беа потврдени односите на највисоко ниво. Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет.

-Во рамки на работната посета на Рим и на Ватикан овие два дена остварив бројни средби. Ги информирав соговорниците за она што се случува во Македонија, за растечката корупција, за уназадувањето на економијата за злоупотребата на правосудниот систем од владата на Заев, за сите потфрлања со кои се соочува Македонија.  Во исто време побарав граѓаните на Македонија да не бидат жртва за политиките на Заев, граѓаните на Македонија не смеат да бидат жртвувани заради корупцијата и неспособноста на Заев. Затоа е потребно Европскиот совет да донесе одлука оваа недела за почеток на преговори за членство со Европската унија, а веднаш потоа влдата да поднесе поставка и да одиме на брзи предвремени избори после кои што ВМРО-ДПМНЕ да ја превземе владата и со способни и одговорни кадри ќе успее да ги реализира реформите кои што се неопходни, не само за прогресот кон Европската унија, но исто така и за македонските граѓани, рече Николоски.

Николоски исто така ги поздрави напорите на Кардиналот Паролини и Папата Франциско за соработка и блиски односи со православната црква. Николоски се заблагодари за посетата на Македонија и побара Ватикан во своите можности да се залози за признавање на Македонската православна црква.

-Потребна ни е силна битка со корупцијата, како и силен економски раст кој што за жал во овој момент го немаме. Имав средби со сенаторите Кандура и Пелегрини од партијата „Лега на словени“, и договоривме ВМРО-ДПМНЕ и Лега како две партии на десницата, конзервативни и десни партии, да ја унапредуваат својата соработка со следниов период . Се договориме да имаме возвратна посета во Скопје од страна на делегација на Лега, а во брзо време да имаме и средба на високо ниво. Исто така учествував во работата на „Централистичката демократска интернационала“ каде што со пријатели од целиот свет од центар-десни, конзервативни и десни партии разговаравме за нарушениот систем  на вредности секаде каде што левичарите владеат, за уништувањето на економијата и за корупцијата секаде онаму каде што левичарите владеат. И верувајте секаде приказната е иста Зоран Заев е копија на сите оние левичари кои што владеат низ светот и затоа мора заеднички да се бориме, вели Николоски.

Во однос на Македонија и ВМРО ДПМНЕ Николоски ги нагласи одличните односи со Ватикан кои датираат усте од формирањето на ВМРО во 1893, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со Кардиналот Паролини Државен Секретар на Ватикан Николоски информираше и за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Николоски ја истакна потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим на ВМРО ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економско раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата.

-Денес  бев во посета на Ватикан, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ одржува традиционални добри односи со Ватикан, уште од формирањето на ВМРО какао организација за борба за слобода на македонскиот народ во 1893 година, а потоа и како политичка партија од 1990 година. Ватикан мора да е силен партнер на Македонија. Побарав да се лобора за признавање на Македонската православна црква, затоа што Македонската православна црква тоа го заслужува, а исто така побарав да се помогне на Македонија. Со кардиналот Пијетро Паролони, кој што е државен секретар на Ватикан, практично прв човек во политичкиот дел на Ватикан, разговараме и за состојбата во Европа, разговаравме и за нарушениот систем на вредности, но исто така разговаравме и за состојбата во Македонија, каде што ги испратив истите пораки, дека ни е потребна силна битка со корупцијата, дека ни е потребно подобрување на економијата, но во исто време македонските граѓани не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силната критика на владата, но и со силното лобирање за Македонија затоа што сме државотворна партија и Македонија тоа го заслужува, вели Николоски.

Граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев и Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ беше исто така заклучено.