Исто така предвидени се и средби во хрватското Собрание со Гари Капели – претседател на комисијата за надворешни работи во парламентот на Хрватска и средба со пратеничката Маријана Петир. Николоски исто така ќе оствари средба во Министерството за надворешни работи со Гордан Грлиќ-Радман – министер за надворешни работи на Хрватска.
Николоски ќе ги искористи средбите со хрватските политичари за афирмација на пријателските односи помеѓу Македонија и Хрватска и потребата од почетокот на преговори со ЕУ.
Оваа година дел од настанот се и Михаел Шимечка потпретседател на Европскиот Парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити за мали корисници, Нектариос Каланти Претседател на градоначалниците на Европа, Софи Мусел позната актерка со улоги во филмови и серии на Нетфликс, Соиел Мирпур член на управниот одбор на Рокет Интернет најголема европска компанија за поддршка на високоразвиени технолошки компании, Бенјамина Кариќ градоначалник на Сараево, Марио Брандебург пратеник во германскиот Бундестаг, Кристина Хансен од Данска која е градоначалник на Холбаек, Тамара Срзентиќ која е министерка за јавна администрација на Црна Гора, Витолд Банка од Полска претседател на светската анти допинг организација и други успешни млади лидери од Европа.