Вчерашните слики од вакциналните пунктови во соседна земја, целосно ги разоткрија промашените приоритети на министерот за здравство. Сцените покажаа река народ кој си бараше спас и сопствено решение за сопствениот живот и сопственото здравје. Го покажаа фијаското на Заев и Филипче, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Николов:
Во меѓувреме, Филипче манипулира и лаже дека сме биле прва земја во која медицинскиот кадар ќе бил вакциниран. Вчера видовме и медицински лица кои заминаа на вакцинација надвор од земјата.
Ваква е состојбата заради тоа што на Заев и Филипче, јавното здравство во минатите години никогаш не им биле приоритет. За нив, единствен приоритет беше и се уште е демонтирањето на јавното здравство, негова распродажба и трансформација во приватно здравство.
Додека Заев и Филипче, не се способни да постигнат директни договори и да набават вакцини, тие единствено мислат на договори за физибилити студии за распродавање на јавното здравство. Наместо вакцини, во декември 2020-та година нарачале физибилити студија, со идеја да го приватизираат Рендген институтот и рендген дијагностиката во здравствениот систем да ја стават под капа на приватни сопственици.
Не се потпишаа договори за вакцини, ама помина тендер за физибилити студија да се направи проценка за приватизација на Рендген институтот и рендген дијагностиката.
Со еден збор, сите преговараа и договараа набавка на вакцини, Филипче и Заев договараа распродажба на сегменти од јавното здравство.
Јавно ги прашуваме Заев и Филипче:
Што ќе беше сега ако успеевте да ги приватизирате биохемиските лаборатории?
Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате ГОБ „8-ми Септември”?
Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате Брзата помош?
Така ли планиравте да се борите за јавното здравство и јавното здравје?
Здравствениот систем денес е застанат. Зафатени се болничките капацитети на клучните Хирургија, Кардиологија и Интерна во Клинички центар „Мајка Тереза“. Пред една недела организиравте партиски избори каде гласаа 60 илјади луѓе, а неделава бројката на новозаразени надминува 1.400 лица и починати над 30.
Доста е Венко оди си! Не мора во чекор да го следиш Зоран Заев во неговите криминални и коруптивни политики.
Оди си Венко! Придружи им се и помогни им на здравствените работници и на лекарите!, му порача Николов на Филипче.