Николов: Само сложни и солидарни ќе му се спротивставиме на невидливиот непријател

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов, во Фејсбук статус напиша дека само упорно и со добро подготвен план, може да успееме во битката со коронавирусот.

„Ротациите конечно започнаа…!
Напливот на пациенти и бранот на заболени со Ковид 19 доаѓа. На колегите од Инфективна клиника им е потребна помош и одмарање.
Само сложни и солидарни можеме да му се спротивставиме на невидливиот непријател.
Само упорно и со добро подготвен Бел План можеме да успееме…“