Илинден е македонскиот код, Илинден 903-та зародишот на македонска самостојна држава, историјата е многу јасна, порачува историчарот Слободан Ников, кој се надворзува на мноштвото реакции по најавите на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов за заедничко чествување на Илинден кои сѐ уште не стивнуваат.
„Да го чествуваме овој празник заедно со соседна Бугарија е непочитување на сопствената историја“, смета Ников.
Историчарот прашува што би се менувало во учебниците, кој дел би се редефинирал кога сѐ е јасно.
„Остапки не смее да има“, дециден е Ников и очекува во наредниот период поактивна улога на Институтот за историја.
Вели дека историјата не е процес „пиши-бриши’ со цел да се искористи за дневна политика.
Историјата е јасна, нема ниту еден факт кој говори дека Бугарија дала некаков придонес во македонскта борба и затоа нема основа за заедно празнување на симболот на македонштината, празникот Илинден, заклучува Ников.