Нимиц: Средбата беше сериозна, на моменти тензична

Пред два часа заврши македонско-грчката преговарачка рунда за надминување на спорот за името која овој пат се одржа во крајбрежното гратче Сунио во близина на Атина.

По шест часовни преговори изјава за медиумите даде само медијаторот, амбасадорот Метју Нимиц кој нагласи дека средбата била сериозна на моменти тензична но, дека се направиле одредени позитивни работи.

Министрите Димитров и Коѕијас имаат задача да ги информираат премиерите Заев и Ципрас до нивната средба закажана за 17-ти мај во Софија.