Нимс и Сен Етјен ги поделија бодовите

Во првиот натпревар од 11-то коло од француското фудбалско првенство Нимс и Сен Етјен одиграа мирољубиво поделувајќи ги бодовите со по еден гол.

Сен Етјен поведе веќе во првата минута од дуелот преку Реми Кабеја, а израмни за домашните Рашид Алиуи во 74 минута.

Сен Етјен сега е шести со 17 бодови, а Нимс е тринаесетти со 11 бодови. На врвот е актуелниот шампион Пари Сен Жермен со максималните 30 бодови, а осум помалку има второпласираниот Лил.

Во сабота играат: Анжер – Лион, Монако – Дижон, Лил – Каен, Амјен – Нант, Тулуз – Монпелје, Гинган – Стразбур, а во недела се играат средбите Марсеј – ПСЖ, Рен – Ремс и Бордо – Ница.