![nina janeva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/nina-janeva.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Од 1.000 пати пеење на химната, ова ми е прв и последен пат да ја погрешам, рече Нина Јанева Николовски, која вчера за време на протестот на уставобранителите ја згреши македонската химна.
-Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите… Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани. Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв, напиша Нина Јанева Николовски, како објаснување за пропустот кој наиде наостри критики кон неа на социјалните мрежи.
Таа ја испушти втората строфа во која се пее за македонските револуционери и направи сличен пропуст како што направи пејачката Тамара Тодевска која ја згреши химната пеејќи на прием во Американската амбасада во Скопје по повод 4 Јули.
-Два дена плачам од разочараност од себеси. Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора – рекла пејачката за Женски магазин.
Нина Јанева не си ја знае химната, го испушти Гоце Делчев 🙂 Ќе биде ли линчувана како Тамара? pic.twitter.com/CV5d0QbK3K
— Seir MK (@Seir_mk) May 30, 2021