Нина Бадриќ го откажа концертот кој беше закажан за 8-ми април во Универзалната сала во Скопје.
Причината за откажување на концерот е непочитување на договорните обврски од страна на организаторот. Таа во своето обраќање до фановите потенцираше дека е присилена да го откаже своето доаѓање и дека ќе даде се од себе во најскоро време да се случи долго очекуваниот концерт.
“Неизмерно се радував на толку посакуваниот концерт во Скопје, но поради непрофесионалната организација навистина сме присилени да го откажеме нашето доаѓање. Сепак, ќе дадеме се од себе во најскоро време да се случи овoj долго очекуван концерт на заедничка радост. Ве сакам, Нина”.
Менаџерскиот тим на Нина Бадриќ упати извинување до фановите, а парите на сите купени влезници ќе бидат вратени на продажните места.