Нивото на водата во Охридското Езеро е далеку под просекот

Водостојот на Охридското Езеро се уште е далеку под просекот за овој период од годината, само осум сантиметри над дозволениот минимум зацртан на котата 693,10 метри надморска височина.

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,18 метри надморска височина, што е за 31 сантиметар пониско од просекот за март или 21 сантиметар пониско од февруарскиот просек.

Врнежите дожд од пред неколку дена го подигнаа нивото на езерото за еден сантиметар, но генерално временските прилики се се уште неповолни со мошне малку врнежи што придонесува за нискиот водостој.

Температурата на водата е осум степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени.