Во изминатиот период на целата територија на општина Гевгелија беа реализирани повеќе проекти, беа направени повеќе зафати за подобрување на комуналната, патната и воопшто на целата инфраструктура во општина Гевгелија, изјави денеска градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов.
Сарамандов истакна дека во моментов се работи на локации во општината.
-Во моментов имаме градежни активности на повеќе локации во општината, во завршна фаза е изградба на стационарот за бездомни животни кој се наоѓа кај старата депонија, во тек е реконструкција на стариот објект во Богородица на стариот објект на Вимилк, а денес извршивме увид во поставување на новата водоводна линија за населено место Богородица каде ќе биде решен децениски проблем за жителите од ова населено место, истакна Сарамандов.
Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска со граничниот премин, изјави Сарамандов.
-Исто така извршивме увид и во градежните активности на изградбата на новата сервисна улица на потегот од казиното Сенатор до Милци, со што Гевгелија ќе добие уште една сообраќајна врска со граничниот премин, а од друга страна ќе овозможиме подобри услови на сопствениците на приватни парцели да почнат да инвестираат, рече гевгелискиот градоначалник.
Сарамандов додаде дека се работи и на стара депонија која е во завршна фаза и ќе стане зелена површина.
-Исто така извршивме увид на старата депонија каде два месеци се врши затворање и сме во завршна фаза и истата во наредниот период ќе биде уредена со зелена површина и дрвца, додаде Сарамандов.