Њукасл Јунајтед во период од три дена оствари две домашни домашни победи, а во вторникот во рамките на 28-то коло од англиската Премиер лига го победи Барнли со 2:0.
Шар во 24 и Лонгстаф во 38 минута ја запреа успешната низа на Барнли кој по Божик до овој меч нанижа пет победи и три ремија. Њукасл моментално е 13-ти со 31 бод, а Барнили е 15-ти со 30 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање од лигата.
По поразот од 1:5 од Вотфрод пред четири дена, фудбалерите на Кардиф Сити доживеаја уште еден несупех, на домашен терен во вторникот беа совладани од Евертон со 0:3. Двоен стрелец за гостите беше Гилфи Сигурдсон во 41 и 66 минута, и Калверт Левин во третата минута од судиското продолжение.
Кардиф е 17-ти со 25 бод, само еден повеќе од Саутемптон кој е 18-ти, место кое води во втората лига. Евретон, пак, моментално е 9-ти со 36 бодови.
Веќе одамна отпишаниот Хадерсфилд Таун неочекувано го совлада Вулверхемптон со 1:0, со голот на Стив Муние во првата минута од судиското продолжение. Хадерсфилд е последен со само 14 бодови, а Вулверхемптон останува на 8-то место со 40 бодови, колку што има и 7-от Вотфорд кој е на последното место кое води во европските купови.
По саботниот пораз од 1:4 од Кристал Палас, поради кој менаџерот Клод Пуел доби отказ, фудбалерите на Лестер, исто така, на домашен терен славеа против Брајтон енд Хоув Албион. Стрелци за домашните беа Демараи Греј во 10 и Џејми Варди во 63 минута, а Пропер за гостите во 66 минута.
Лестер со 35 бодови моментално е 11-ти на табелата, додека Брајтон е16-ти со 27 бодови, седум бодови повеќе од опасната зона.
Во среда се играат дуелите: Арсенал – Борнмут, Саутемптон – Фулам, Кристал Палас – Манчестер Јунајтед, Ливерпул – Вотфорд, Манчестер Сити – Вест Хем и лондонското дерби Челзи – Тотенхем,