НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картички – „За бизнис и задоволство“

Од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Mastercard Business картички.

Имено, во текот на месец јуни, правните лица – иматели на сметки во НЛБ Банка кои се веќе корисници, но и оние кои ќе аплицираат за Мastercard Business картички, добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата.

Поконретно, постоечките корисници на Mastercard Business картичките, кои во периодот од 1 до 30 јуни, ќе направат најмалку 15 трансакции и ќе остварат промет од најмалку 100.000 денари ќе добијат бесплатна членарина за картичката за следната година на користење и специјален подарок.

Воедно, бесплатна членарина за првата година на користење добиваат и сите оние правни лица кои во наведениот период ќе аплицираат за Mastercard Business кредитни и/или дебитни картички.

Mastercard Business картичките се наменети за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби. Можат да се користат за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина.

Повеќе детали за Mastercard Business картичките и промотивните понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600