Нобелот за медицина за имунотерапија за ракот

Американскиот имунолог Џејмс Пи Алисон и неговиот јапонски колега Тасаку Хонџи ја делат годинешната Нобелова награда за медицина за постигнувањата во лекувањето на ракот, поточно бидејќи утврдиле како да се онеспособат кочниците на имунолошкиот систем.

Членовите на Кралскиот институт во Стокхолм во појаснувањето наведуваат дека истражувањето на двајцата научници претставува пресвртница во лекувањето на ракот. Алисон и Хонџо го откриле механизмот кој овозможува имунолошкиот систем да реагира со полна сила во текот на процесот на уништувањето на туморозните клетки, се наведува во појаснувањето од Институтот.

Цел на терапијата се протеините кои ги произведуваат клетките од имунолошкиот систем, но и некои канцерогени клетки. Протеините може да ја „стопираат“ природната линија на одбраната на организамот, значајна за уништување на канцерогените клетки.

Двајцата научници чиишто истражувања на споменатата област периодично се објавуваа во стручните списанија од 2014 година, ќе го поделат финансискиот дел од наградата во износ од 9 милиони шеведски круни, или околу милиони американски долари.

Шеесет и деветгодишниот Алисон е професор и шеф на имунолошкиот оддел на центарот за рак МД Андерсон при Тексашкиот универзитет во Хјустон. „Ја посакував оваа награда, но никогаш не се осмелував да помислам дека навистина ќе ја добијам. Тоа ми се чини нестварно“, изјавил Алисон за шведската новинска агенција ТТ.

Седумдесет и шестгодишниот Хонџо, пак, е професор на универзитетот во Кјото и е редовен член на Јапонската академијата на науките, и е надворешен соработник на Амерканската и на Германската академија на науките. Генералниот секретар, Томас Перлман, изјави дека Хонџо, кога бил информиран за наградата „звучеше многу среќно“, и изјавил дека му е „извонредно мило“ што ќе ја подели паричната награда со колегата Алисон.