Нобеловата награда за медицина доделена за „клеточниот часовник“

© AFP 2017 / Jonathan Nackstrand

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2017 година е доделена за изучување на молекуларните механизми коишто го регулираат цикличниот ритам во организмот, ткн „клеточни часовници“, на професорите Џефри Хол, Мајкл Розбаш и Мајкл Јанг.

Ова го објави во понеделникот во Стокхолм, Нобеловиот комитет при Каролинскиот медицински институт.

„Добитниите на годинешната награда ја подигнаа општата свест за исправната хигиена на спиењето“, изјави Јулеен Зиерат од Комитетот за доделување на Нобеловата награда појаснувајќи дека станува збор за откритиете на комплексните молекуларни механизми на човековиот биолошки часовник.

Во објаснувањето се наведува дека тројцата научници се наградени за „откривањето на сложените молекуларни механизми кои го контролораат 24-часовниот циклус на телесните актвивности познат како циркадиски ритам или биолошки часовник“, објави Каролинскиот институт.

Циркадискиот ритам го сочинуваат низа биолишки ритми во рамките на одреден период дефиниран како време потребно да заврши еден циклус од 24 часа, колку што ѝ е потребно на Земјата да се сврти околу својата оска и на луѓето им овозможува прилагодување на различните делови од денот и ноќта.

Биолошкиот ритам е ендогена појава, што значи дека започнува однатре и е самоодржлив за да може да го одржува организмот на единката во иста состојба во текот на променливите услови во околината, на пример кога има светлина или е темница. Тој овозможува и рамнотежа на потребата од сон и од храна, како и прилагодување на крвниот притисок и на телесната температура.

Проучувајќи ги винските мушички, клуратите го изолирале генот кој го контролира биолошкиот ритам. Докажале дека тој ген го шифрира протеинот кој се акумулира во клетката во текот на ноќта, а потоа во текот на денот се разложува.

Терминот кикардиски потекнува од латинските зборови circa – око и dies –ден.

Церемонијата на доделувањето на лауреатите традиционално ќе се случи на 10-ти декември на денот на смртта на основачот на Нобеловата наградам шведскиот претприемач и изумител Алфред Нобел (1833-1896).

Четирите од петте признанија кои се дел од неговата оставина, во областа на физиологијата или медицината, физиката, хемијата и литературата ќе бидат врачени во Стокхолм. Наградата за мир, пак, според волјата на нејзиниот основач се врачува во Осло исто така на 10-ти декември.

Сумата за секоја од Нобеловите награди за 2017 година ќе изнесува 9 милиони шведски круни, или еден милион американски долари. Во овој случај, сумата ќе ја поделат тројцата научници.