Со време од четири часа осум минути и 56 секунди, што беше доволно за 78-то место во дисциплината спринт-нордиско трчање, нашиот најдобар нордиец, Дарко Дамјаноски го започна својот настап на Зимските Олимписки игри во Сочи.
„Задоволен сум од резултат иако можев и повеќе, но тешките услови, мекиот снег на патеката и последното стартно место ме оневозможија да постигнам и подобар резултат. Се осеќам одлично и верувам дека на следната трка ќе постигнам многу подобар резултат“, рече Дајмановски.