Норич го шокираше Сити, Ливерпул побегна на четири бода

Повратникот во најквалитетната англиска фудбалска лига Норич Сити го шокираше актуелниот шампион Манчестр Сити, победувајќи го на својот терен „Кероу Роуд“ со 3:2 во рамките на петтото коло.

Ова беше првата победа на „Канаринците“ против „Граѓаните“ по мај 2013 година, кога исто така ги победија со 3:2. Сити последниот првенствен пораз пред денешниот го доживеа во јануари годинава од Њукасл Јунајтед со 1:2.

Домашните поведоа во 18 минута со голот на Кени Меклин по нафрлување од корнер, а само десет минути подоцна Теему Пуки во брза контра го проигра Тод Кантвел кој лесно ја погоди празната мрежа за удвојување на водството. Ова е само вторпат Сити под водство на Пеп Гвардиола да прими два погодока во првите половина час од мечот. До крајот на полувремето Манчестер Сити намали преку Серхио Агуеро, но по само пет минути во вториот дел Норич повтроно имаше два гола предност. Емилиано Биендија му одзема топка на невминателниот Отаменди и го проигра Пуки кој погоди за 3:1 откако претходно не реализираше сигурен шут, што за финскиот напаѓач е веќе шести гол сезонава а има и две асистенции. Сити намали во 88 минута до голот на Родриго Ернандез од работ на шеснаесетникот, а две минути подоцна холандскиот голман Тим Крул го одбрани ударот на Агуеро, а во третата минута од судиското продолжение го сопред ударот и на Габриел Жезус.

Поразот на Сити ги одушеви навивачите на Ловерпул кои по пет кола сега имаат четири бодови предност, бидејќи „Редсите“ во првиот дуел од ова коло го победија Њукасл со 3:1 и имаат стопроцентен учинок од 15 бодови, а Сити го следи со 11. Норич е 12-ти со шест бодови, а Њукасл е 17-ти со четири бодови.

На „Ејнфилд“ први поведоа гостите со убавиот погодок на Џетро Вилемс во 7 муинута, но до крајот на првото полувреме Ливепрул направи пресврт, а двоен стрелец беше Садио Мане во 28 и 40 минута. Конечните 3:1 ги постави Мохамед Салах во 72 минута.

Победи остварија и Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Челзи на гостувањето го совлада Вулверхемптон со 5:2, а јунак на „Сините“ беше 21-годишниот Таму Ејбрахам кој се запиша во историјата на англискиот фубдал кој е првиот играч кој во еден меч успеал да постигна „хет-трик“ и истовремено и автогол.

Младиот играч на Челзи трите погодока ги постигна за само 19 минута, во 34, 41 и 55, а во 69 мунута постигна и автогол. Сезонава веќе постигна седум голови и моментално е водечки на листата на стрелците во Премиер лигата. За гостите погодија и Фикајо Томори во 31 и Месјон Мпоунти во петтата минута од судиското продолжение, а за Вулфс Патрик Кутроне во 85 минута. Челзи е 6-ти со осум бодови, а Вулверхемпотон е претпоследен 19-ти со три бода.

Убедлива победа оствари и Тотенхем од 4:0, кој сите погодоци во мрежата на Кристал Палас ги постигна во првото полувреме, а стрелци беа Сонг Хеунг-мин во 10 и 23, Патрик ван Анхалт постигна автогол во 21 и Ерик Ламела во 42 минута. Тотенхем на третата позиција ги предводи екипите со по осум бодови, а Кристал Палас со бод помалку е на 11-то место.

Манчестер Јунајтед со тешка мака го совлада Лестер Сити со погодокот на Маркус Рашфорд во 8 минута од пенал. Јунајтед е четврти со осум бодови, колку што има и Лестер место подолу на табелата.

Брајтон откако пред своите навивчи поведе со голот на Мапај во 51 минута испушти победа, бидејќи во првата минута од судиското продолжение Хендрик беше стрелец за Барнли. Брајтон енд Хоув Албион е 15-ти со пет бодови, а Барнли со исто толку бодови но подобра гол-разлика е две места погоре.

Меѓу нив, односно 14-ти со пет бодови остана новакот во лигата Шефилд Јунајтед кој дома беше поразен од Саутемптон, за кој стрелец беше Џенепо во 66 минута, кој сега има седум бодови со кои е на 10-то место на табелата.