Утринава, и покрај маглата, од Меѓународниот аеродром „Скопје“ полетале шест авиони. Некои од авионите полетале со мало задоцнување. Авионот од Истанбул што требаше да слета утрово во 7:55 часот се очекува да пристигне со еден час задоцнување, како што е најавено на веб-страницата на аеродромот.
Следното слетување на аеродромот е по 11 часот.
Вчера, поради густата магла, од скопскиот аеродром беа откажани девет лета, а четири беа пренасочени.
Скопската магла откажала девет лета, а пренасочила четири
Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Магла има на патиштата Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово, Кочани – Штип каде видливоста е од 50 до 100 метри, а на Тетово – Групчин до 50 метри.