Нормализиран железничкиот сообраќај кон Кичево

Невремето кое го погоди тетовскиот регион на делот на Поројска река, го отежнаа нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево. Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кал предизвикаа неколку часовен прекин на железничкиот сообраќај на пругата Ѓорче Петров –Кичево, односно неполни два километра пред Тетово.

Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кал предизвикаа неколку часовен прекин на железничкиот сообраќај на пругата Ѓорче Петров –Кичево
Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кал предизвикаа неколку часовен прекин на железничкиот сообраќај на пругата Ѓорче Петров –Кичево

Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно го отстранија големиот нанос од камења, земја, дрвја и кал и железничкиот сообраќај повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше намалена брзина од дозволеното. Според првите проценките штетата која е направена на оваа железничка линија е околу 15 илјади евра, соопштуваат од ЈП Македонски Железници –Инфраструктура Скопје.

Екипите на ЈП МЖ Инфраструктура се на терен и  интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.

 

Поврзани вести:

Привремено прекинат железничкиот сообраќај кон Грција