Норвешка пријави смрт на дете заразено со коронавирусот

Во Норвeшка во средата починало дете заразано со новиот коронавирус, што е прв ваков случај во оваа скандинавска земја, но од болницата истакнуваат дека детето имало потешка хронична болест.

„Детето беше хоспитализирано на Универзитетската болница Хуакеланд, почина во средата од болест поврзана со Covdi-19. Детето имаше друга потешка хронична болест“, соопшти болницата во градот Берген.

Возраста и болеста од кое боледувало детето 9не се објавени.

Норвешките здравствени власти претходно објавија дека земјата потврдила досега 299 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од коронавирусот, а заразени од почетокот на пандемијата регистрирала 30.133 случаи на заразата.