Водството на англиската Премиер лига донесе одлука според која на премиерлигашот Нотингем Форест ќе му бидат одземени четири бода поради кршење на правилата за профитабилност и одржливост.
Во јануари Нотигнем беше обвинет за прекршување на правилата во сезоната 2022/23. Не ги исполнија основните принципи на финансискиот фер-плеј дека за три сезони не смеат да имаат повеќе од 105 милиони фунти загуби.
Во оваа втора последователна сезона за Нотингем Форест во елитното клупско натпреварување на Островот, не успеа да ја избегне казната бидејќи клупското водство ги прекршило прописите и на Премиер лигата и на Чемпионшип.
Од повторното враќање во Премиер лигата, преку плеј-офот, Нотингем донесе дури 42 играчи за околу 250 милиони фунти. Тие трипати поставија рекордни трансфер, откако потпишаа со Таиво Авонији, потоа Морган Гибс-Вајт и на крајот Ибрахим Сангаре.
Во постапката против независната комисија, Форест призна дека го прекршил законот, но тврдеше дека ги прекршиле правилата само два месеци, додека ги пополнувале сметките на клубот помеѓу 30 јуни и 1 септември.
Поради прекршување на споменатите финансиски правила на почетокот од сезоната, казна се соочи и Евертон, на која првично му беа одземени десет бодови, а по жалбата на клубот од Ливерпул, казната беше намалена на шест бода.
Секако, сега ќе има жалба и од Нотингем Форест, кој поради одземањето на четири бодови сега падна во зоната за испаѓање на табелата. Нотингем Форест моментално е на 18. место и има бод помалку од Лутон кој е на 17. позиција, додека зад Евертон на 16. место заостанува четири бода. Само Барнли и Шефилд Јунајтед се зад Нотингем Форест на дното на Премиер лигата.