Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон бележи повторно голем пад во август со 40 отсто незадоволни испитаници, што претставува пад од 14 отсто за еден месец по оној од 10 отсто веќе забележан во јули, според испитувањето на јавното мнение на институтот Ifop за неделното издание на весникот Journal du Dimanche (JDD).
Францускиот премиер Едуар Филип, исто така, бележи пад на популарноста за 9 отсто во истиот период, од 56 на 47 проценти задоволни испитаници.
Претседателот Емануел Макрон загуби 22 отсто од популарноста од првото испитување на јавното мнение на Ifop/Journal du Dimanche пред три месеца, непосредно по победата на претседателските избори кога го поддржуваа 62 отсто од Французите.
Во истиот период во 2012 година неговиот претходник социјалистот Франсоа Оланд, уживаше значително поголема популарност од 54 отсто, а популарноста на десничарскиот претседател Николас Саркози во 2007 година беше уште поголем а- 67 отсто.
Во август 36 отсто испитаници велат дека се „доста задоволни“, што е помалку за 11 отсто, а 4 проценти се „многу задоволни“ или помалку за 3 отсто во однос на претходната анкета од претседателот Макрон. Истовремено вкупниот број незадоволни се зголемува од 43 на 7 отсто, распоредувајќи се во „доста незадоволни“ со 37 отсто, или зголемува од 9 проценти во однос на јули и 20 отсто „многу незадоволни“, што претставува пораст од отсто. Три отсто од испитаниците не се изјаснуваат.
Анкетата ја спровел онлајн и телефонски институтот Ifop на 25-ти и 26-ти август на примерок од 1.023 лица, репрезентативен примерок за француското население повозрасно од 18 години, според методите на квоти.