Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја зовреа борбата за титулата во Шпанија, откако во неделата вечерта во 33 коло беа поразени со 1:2 кај Атлетик Билбао, што го искористи Барселона која со истиот резултат славеше на гости кај Вајадолид.
Атлетик поведе во 8 минута со голот на Алекс Беренгуер, а израмни Стефан Савиќ во 77 минута, а победата за Баските ја донесе Иниго Мартинез во 86 минута.
Атлетик Билбао е 10-ти со 41 бод. Атлетико Мадрид го задржа врвот со 73 бодови, но сега Реал Мадрид сега има само два бода помалку на второто место, трета е Барселона која исто така има 71 бодови, а во игра за титулата е и Севилја која е четврта со три бода помалку од лидерот.
Во најдобра позиција е Барселона којашто со победа во заостанатиот натпревар на 29-ти април против Граната да го преземе водството на Примера.
Барселона во неделата со 2:1 славеше кај Вилјареал. Домашните поведоа во 27 минута со голот на Самуел Чуквиезе, но гостите до крајот на динамичното прво полувреме направи пресврт со головите на Антоан Гризман во 29 и 35 минута, а притоа не реализира уште неколку одлични шанси. „Жолтата подморница“ остана со играш помалки во 66 минута поради наивниот опасен старт врз Лионел Меси.
Ова е седмата победа на Барселона во псоелдните осум кола, додека Вилјареал го впиша веќе четвртиот домашен пораз во поледните пет кола и падна со 49 бодови на семодото место, но сеуште има шанси да се избори за место од кое ќе се бори за квалификации во европските купови.
Севилја, исто така, со 2:1 ја победи Гранада. Иван Ракитиќ од пенал во 16 минута ја доведе Севилја во водство, а на 2:0 зголеми во 53 минута Лукас Окампос, а поразот на Гранада го ублажи Роберот Солдадо од пенал во 90 минута. Гранада остана на осмото место со 42 бодови.
Со 2:1 и Селта Виго ја совлада Осасуна. Домашните повеода преку Иако Аспас во 42 и Жејсон Муриљо во 64 минута, а за гостите намали Роберто Торес од пенал во 77 минута. Селта е деветта со 41 бод, а Осасуна е 11-та со бод помалку.