Кризата на францускиот фудбалски вицешампион продолжува во новата сезона и во седмото првенствено коло Монако на својот терен беше поразен од Анжер со 0:1, останувајќи само на една победа.
Прашањето на победникот го реши голот на Стедан Баокен во 27 минута. Монако во првото коло го победи Нант со 3:1, а потоа нанижа шест кола без победа притоа доживувајќи три пораза.
Гостинска победа оствари и Ница која славеше кај Нант со 2:1. Головите за гостите ги постигнаа Кристоф Жаје во 31 и Жан Макенго во 69 минута, додека Нант успеа само еднаш да израмни преку Емилиано Сала во 57 минута.
Вечерта на гостинските успеси ја потполни Сен Етјен кој го победи Тулуз со 3:2. Стрелци за гостите беа Лоа Диони во 23, Реми Кабеја во 66 и Јанис Салибур во 75 минута, додека за домашните Марк Граде во 63 и Џими Дурмаз во 78 минута.
На табелата со максималните 18 бодови води Пари Сен Жермен со меч помалку, а го следи Лил со 13 бодови. Сен Етјен моментално е на третата позиција со 12 бодови.
Во среда играат: Амјен – Рен, Бордо – Лил, Каен – Монпелје, Дижон – Лион, Марсеј – Стразбур, Нимс – Гинган и ПСЖ – Ремс.