За денес попладне закажан е нов состанок на работната група за спроведувањето на договорот од 15- ти јули со кој што практично беше ставен крај на политичката криза во земјата. Ова е втор обид за да се отпочне со спроведување на договорот од Пржино.
Инаку, минатиот состанок ВМРО- ДПМНЕ навремено го одложи поради тоа што членот на нивната работна група, министерот за надворешни работи Никола Попоски, беше на состанок во Брисел.
Поповски во Брисел се сретна со словачкиот заменик премиер Мирослав Лајчак и еврокомесарот Јоханес Хан и беше претседавач на дванаесетиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ, каде воедно беше утврдено дека Република Македонија е подготвена за втората фаза од договорот за стабилизација.
Инаку, на претходно закажаната средба работните групи координирани од белгискиот експерт Питер Ван Ховит требаше расправаат дали Државната изборна комисија (ДИК) треба да се реконструира или распушти.