-3.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Нов подвиг на Марко: Успешно преплива 14 километри од Радожда до Охрид (ВИДЕО)

На релација Радожда-Охрид, младиот македонски пливач Марко Пејчиновски денеска го започна првото од десетте планирани препливувања.

Момчето кое многупати досега докажа дека кога се сака и се има вистинска желба, се е можно, успешно го заврши и денешното препливување во должина од 14 километри.

-После големи искушенија со ветар и бранови, Марко пристигна на Охридското пристаниште за 5:25:09 часа, е објавеното на неговата Фејсбук страна.