Нов проблем во РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет повторно не произведува електрична енергија

Повторно проблеми во РЕК Битола. Утринава и последниот блок од најголемиот енергетски капацитет е надвор функција, дознава неофицијално Курир.мк.

Во моментов во РЕК Битола не се произведува електрична енергија.

Вчера од РЕК Битола информираа дека Блокот 2 е во функција и дека во попладневните часови (се однесува на вчерашниот ден) повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа.

Од Курир сутринава побарале одговор што се случува во РЕК Битола и зошто системот е вон функција, но одговор не добиле на телефонските повици и пораки.