Португалската фудбалска ѕвезда на италијанскиот великан Јувентус, Кристијано Роналд, беше стрелец во првенствениот натпревар од 25-то коло на италијанскиот шампионат против Специја (3:0), неговиот 20-ти сезонава во Серија А.
Триесет и шестгодишниот Португалец со тоа стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал најмалку 20 погодоци во национална првенство во 12 последователни сезони.
Претходно, Роналдо играше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон.