Во Босна и Херцеговина во петокот се потврдени уште 1.179 случаи на зараза со коронавирусот, што е нов рекорд на дневно ниво и првпат од избувнувањето на епидемијата во март овој параметар е повисока од илјада.
Од четвртокот тестирани се малку помалку од три илјади примероци, а заразата е потврдена кај 732 лица од Федерацијата БиХ и уште кај 437 лица од Република Српска. Уште десет заразени има од подрачјето на дистриктот Брчко.
Пријавени се и 14 смртни исходи кај пациенти како коишто претходно е потврдена заразата со коронавирусот SARS-CoV-2. Од нив девет смртни случаи се потврдени во Федерацијата БиХ и пет во Република Српска.
Со овие последни податоци во целата БиХ, со вкупно 3,3 милиони жители, од почетокот на епидемијата во март досега се регистрирани 38.493 коронаинфекции од кои 1.065 имале смртен исход, а досега оздравеле 26.262 пациенти.
Бројките, исто така, потврдуваат дека поголемите градови и натаму се подрачјата во коишто инфекцијата најмногу се шири, па во Сараево од четвртокот се потврдени 209 нови случаи, во Бања Лука 129, а во Мостар 102 нови зарази во текот на изминатите 24 часа.
Поради постојаното влошување на епидемиолошката ситуација во Република Српска наскоро ќе бидат воведени дополнителни ограничувања, но засега во овој ентитет ја исклучуваат опцијата за целосно затворање. Ентитетскиот премиер, Радован Вишковиќ, изјави дека економијата не може да преживее уште една ситуација со каква се соочуваше пролетта, а директорот на Институтот за јавно здравство во Бања Лука, Бранислав Зељковиќ, најави дека засега ќе се воведат дополнителни ограничување на бројот на луѓето кои може да се собираат.
Во Федерацијата БиХ секоја од десетте жупании засебно одредуваат какви мерки ќе мора да се презема, па на сила се различни ограничувања, па така носењето на заштитните маски на отворено не е секаде задолжително. Ентитетскиот кризен штаб им препорача на работодавачите да обезбедат работа од дома, на повозрасните да го намалат движењето, а на училиштата да организираат онлајн настава насекаде каде тоа е возможно.
Исламската зедница во БиХ, пак, им упати препорака на верниците повозрасни од 60 години да не доаѓаат во џамиите на петочните молитви, кога по правило се собираат најголем број верници, а воведе и два термина за овој најзначаен седмичен муслимански верски обред, кој же се организира со разлика од еден час за да се намалат гужвите во храмовите.