Во Русија, потврдени се 13.634 нови случаи на коронавирус, што е најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, е објавено денеска во Москва.
Вкупниот број на потврдени случаи достигна 1.298.718. Уште 149 лица починале од коронавирус, а вкупно 22.597 лица починале од почетокот на пандемијата, според агенцијата ТАСС.
Во последните 24 часа, 4.240 пациенти се опоравиле од коронавирусот, а вкупниот број на опоравени е 1.020.442.
Русија е четврта во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД, Индија и Бразил.