Земјотрес со магнитуда 6 според Рихтер е регистриран во пограничниот регион меѓу Турција и Иран, пренесе Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), што е втор силен земјотрес во неделата која ја погоди оваа област по првиот во кој се регистрирани жртви.
Вториот земјотрес е регистриран во 17 часот по македонско време. Епицентарот се наоѓал на 160 километри западно од иранскиот град Табриз и 52 километри југоисточно од турскиот град Озалп. Хипоцентарот на потресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентулни жртви и материјални штети.
Ова е втор силен земјотрес кој во неделата го погоди пограничниот регион меѓу Турција и Иран. Во претходниот со магнитуда од 5,9 степени во Турција загинаа девет лица а 37 се повредени, додека во слабонаселената област во Иран се пријавени 75 настрадани лица.