Продолжуваат споровите околу причината за смртта на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат.
Швајцарските експерти, извршиле една од експертизите за причината за смртта на Арафат, се категорични дека тој најверојатно бил отруен со полониум. Вчера француски експерти ги оспорија заклучоците на швајцарските колеги и го објавија токму спротивното – дека причината за смртта не е труење.
Јасер Арафат почина во 2004 година во воената болница во Париз. Поради сомневањата за насилна смрт, минатата година неговото тело беше ексхумиранио. Два независни тимови од Швајцарија и Русија заклучија своевремено дека Арафат бил отруен.