Нов светски рекорд на 100 метри градно за Пити

Британскиот пливач Адам Пити(23) постави нов светски рекорд во трката на 100 метри градно на Европското првенство во Глазгов. Пити доплива до златниот медал со време од точно 57,00 секунди, или за 13 стотинки побрзо од рекордот што го постави на Олимписките игри во Рио пред две години.

Инаку, со победа во Глазгов, Пети го освои европското злато трет пат по ред откако беше најбрз во Берлин 2014 и во Лондон во 2016 година. Пити исто така е двократен светски шампион на 100 метри градно од Казан 2015 и Будимпешта 2017 година, како и актуелен олимписки победник.

Сребрениот медал го освои уште еден Британец, Џејмс Вилби со 58,54, а Русинот Антон Чупков дојде до бронзата со 58,96 секунди.