Нов трипл-дабл на Јокиќ, но Денвер беше поразен, одличено издание на Дончиќ

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ со нов трипл-дабл од 36 поени, 21 скок и 11 асистенции запиша нов трипл-дабл, но тој не беше доволен за Денвер да слави победа.

Денвер беше поразен на гостувањето кај Хјустон со резултат 107:104. За актуелниот шампион ова беше втор пораз во сезоната, додека Рокетс стигнаа до шестата победа во низа и се едно од најпријатните изненадувања во новата сезона.

Трипл-даблот за Јокиќ беше негов 109. во кариерата. Треба да се спомене и дека Денвер во овој натпревар беше без одличниот Џамал Мареј кој е повредеН. Поддршка за Јокиќ беше Портер со 25 поени. Алперен Шенѓун со 23 поени, 8 скока и 5 асистенции беше најрасположениот на спротивната страна.

Одлична вечер зад себе имаше и Лука Дончиќ кој постигна 30 поени додавајќи девет асистенции и четири скокови за 27 минути на пракетот.

Возбудливо беше и на натпреварот помеѓу Филаделфија и Индијана на која со 137:126 славеа домаќините. Ембид беше најефикасниот со 37 поени, 13 скокови и седум асистенции, додека кај гостите Макси постигна дури 50 поени, со 7 скока и 5 асистенции.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Шарлот 129-107
Бруклин – Вашингтон 102-94
Чикаго – Детроит 119-108
Сан Антонио – Мајами 113-118
Феникс – Оклахома 99-111
Голден Стејт – Минесота 110-116
Лос Анџелес Лејкерс – Портланд 116-110