Нов Зеланд го пријави првиот смртен исход од Covid-19 по повќе од три месеца

Нов Зеланд извести во петокот за својот прв смртен случај поврзан со болеста Covid-19 по повеќе од три месеца, а премиерката Џасинда Ардерн реши да ги задржи мерките против ширењето на новиот коронавирус најмалку до средината на септември.

Новозеландското министерство за здравство соопшти дека во болница во Окленд во петокот како последица од заразувањето со вирусот SARS-CoV-2 починал маж во 50-те години од животот. Бил поврзан со познатиот „оклендски кластер“ и сместен на оддел за интензивна нега последните неолку денови.

Со оваа смрт, бројот на смртни исходи поврзани со вирусот се зголеми на 23 лица. Воедно, ова е првиот смртен случај поврзан со Covid-19 на Нов Зеланд од 28-ми мај.

Во Окленд, најголемиот град во земјата и жариште на новиот бран на епидемијата, останува на сила предупредувањето со станитарно-хигиенските мерки на новото од 2,5 кое подразбира огрегничување на собири на 10 лица.

„Силниот здравствен одговор останува најдобриот економски одговор. Доколку се придржуваме до него, побрзо ќе се отарасиме од ограничувањата и ризикор од повторни скокови“, изјави премеирката Џасинда Ардерн на прес-конференција.

Нивото на предупредување во другите делови од земјата ќе биде под нивото 2, што подразбира прописи за физичко растојание и собири на најмногу до 100 лица. Мерките повторно ќе бидат разгледани на 14-ти септември.

Новозеландското министерство за здравство во петокот извести и за пет нови случаи на зараза со коронавирусот, од кои во три случаи станува збор за локален пренос на заразата и два ткн „увезени“ случаи, кои се во организирани објетки за изолација.

Во земјата од почеткот на досега се забележани 1.413, или вкупно 1.764 потврдени и сомнителни случаи на коронаинфекции од кои во моментов 112 од кои шест пациенти се хоспитализирани.

Оваа земја во Пацификот со 5 милиони жители имаше успех во задржувањето на локалното пренесување на коронавирусот, но новиот бран на заразата во Окленд ги натера властите во авгист да ја воведат карантинската мерка. Карантинот главно е укинат во неделата, со што се овозможи повторно отворање на училиштата и канцелариите, а заштитните маски се задолжителни во јавниот сообраќај во целата земја.