Нов земјотрес во Грција од 4.2 степени – тлото не се смирува

Нов земјотрес ја погоди Грција околу 11:21 по грчко време. Земјотресот е со јачина од 4.2 степени според Рихтер. За потсетување утрово имаше земјотрес со магнитуда од 5.4 степени, а жители на Италија јавуваат дека се почувствувал и кај нив.

Се претпоставува дека ова е афтер шок на првиот земјотрес.