Нова бламажа на македонското судство, дете виновно зошто минувало на пешачки премин

Адвокат Јанаки Митровски истакнува уште една дубиоза на парвадата во нашето судство.

Митровски посочува дека денеска завршило повтореното судење на Маја Лукаревска, обвинета дека во септември 2015 година на пешачкиот премин кај фонтана парк го прегазила дванаесетгодишниот Давид Анѓелевски кој еден час подоцна почина во болница.

„И покрај напорите од петни жили да кривото се напорави право, и покрај супервештачење за кое ТВРДАМ дека ќе биде предмет на истрага штом предметот правосилно заврши, денеска е повторно огласена за виновна со идентична санкција-три години затвор!“, истакнува Митровски и додава:

„Треба да се засрамат вештите лица кои ја изготвија „експертизата” согласно која детето е виновно што преминувало на пешачки премин“!

Тој вели де и покрај негативното јавно мнение кај пошироката популација за обвинителството и за судството, во овој предмет бил сведок на крајно совесно постапување на ЈО Сања Китановска Бурјаковска која останала доследна на професијата и одела до крај, како и на судија Софија Лаличиќ која во овој предмет била верна на заклетвата која ја положила!

„Да постапуваат сите совесно како оваа двојка на овој предмет, ќе цутиме!“, заклучува Митровски.

„Детето ништо нема да го врати, но минимум правда, која родителите ја бараат веќе шеста година ,МОРА ДА ИМА!!! Очекувано ќе има жалба, и сега е на потег Скопска Апелација која еднаш ја врати пресудата како нејасна и неразбирлива, иако барем мене се ми беше кристално јасно“, нагласува адвокатот!